„Зошто е толку бела?!“: Мел Би непријатно ги изненади фановите со светлиот тен (фото)
- Детали
- петок, 02 февруари 2018
Последните фотографии на „спајсицата“ предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи, каде наголемо се пишува дека пејачката се подложила на третмани за избелување на кожата. А, ниту таа не остана должна за одговор.
Иако сакаше да биде во центар на вниманието поради нејзиното витко и добро обликувано тело, британската ѕвезда Мел Би (42) подигна прашина, но со бојата на кожата.
Поточно, со драстичната трансформација на тенот, која не остана незабележена од обожавателите. За многумина, таа изгледа непрепознатливо.
Под најновата објава на Инстаграм, поранешната членка на групата Spice Girls се пофали со зборовите: „Да, ова е моето зачинето светиште. Да, во бикини сум. Да, имам 42 години.“
Меѓутоа, на следбениците на социјалната мрежа им привлече внимание сосема друг момент, па започнаа со прашањата: „Само мене ми се чини, или таа навистина се има избелено? Зошто одеднаш си бела?!“.
Забележувајќи дека бившата „спајсица“ веќе нема ни приближно темна боја на кожа како некогаш, повеќето од нив заклучија дека сигурно правела некакви третмани.
Па, наместо со комплименти за формата, тие ја почестија со критики: „Кога те гледам волку осветлена, ми текнува на случајот со Мајкл Џексон. Зошто, по ѓаволите, си толку бела?! И понатаму изгледаш добро, ама што ќе ти е сево ова?“.
Во коментарите додаваат и дека не им се допаѓа што ја бојадисала својата темнокафена коса, како и дека им недостасува старата Мел Би, којашто беше прекрасна со чоколадниот тен.
А, плус воочија дека дури и тетоважата ја избелела. Таа, пак, воопшто не се вознемири од нападите на нејзина сметка, па накусо им одговори на фановите, но и хејтерите.
„Да, ми треба сончање.“, напиша изведувачката.
Наспроти бројните негативни реакции, има и луѓе кои не само што не негодуваат за промената, туку признаваат дека се вљубени во презгодното тело на Мелани.
Притоа, ја посоветуваа да не оди да се сонча, затоа што и вака е мошне секси, туку да продолжи со вежбите во теретана.
Мел Би се стекна со светска слава во текот на ’90-тите, благодарение на мегапопуларна музичка група Spice Girls.
Татко ѝ е по потекло од островската држава Свети Кристофер и Невис, додека нејзината мајка е Англичанка.
Зад себе има два неуспешни брака и мајка е на три деца. По десет години заеднички живот, лани се разведе од продуцентот Стивен Белафонте, обвинувајќи го за емоционално и физичко малтретирање.
На професионален план, најактивна во последно време е како жири во реални шоуа за таленти.
Имате ли коментар за новиот имиџ на Мел Би?
М. А. | Црнобело