Романтичната роденденска честитка на Џастин Тимберлејк од Џесика Бил + нивните најубави фотки
- Детали
- четврток, 01 февруари 2018
Нивниот брак е еден од најстабилните во Холивуд, а на сите заеднички појавувања изгледаат среќно и вљубено.
Џастин Тимберлејк наполни 37 години. Неговата сопруга Џесика Бил (35) ја одбележа пригодата со романтична фотографија од нив двајца и прекрасна честитка за својот сакан.
„Фотографијата говори 1.000 зборови. И му благодарам на бога што не се доволно за да ги изразам СИТЕ аспекти на мојата љубов и почит кон тебе.
Се надевам имаме спектакуларна година пред нас. Горда сум на сè што постигна и сè што е пред тебе. Плус, ти си супер жежок татко. Нинџа татко. Те сакам, супер татко... Јас сум тука веднаш до тебе, твој фан број еден. Среќен роденден, сакан мој“, напиша таа.
Џесика и Џастин се во брак од 2012 година, а во 2015 го добија својот син Силас.
Дел од нивните најубави заеднички фотки:
С. С. | Црнобело