Скриените комплекси кои ѕвездите ги имаат за својот изглед
Парис Хилтон
Верувале или не, и таа има комплекси, а причината е тоа што носи чевли со број 42, па за да го скрие тоа, носи чевли со висока штикла.
Џулија Робертс
Актерката во младоста се срамела заради тоа што била многу висока, како и за преголемата уста. За да се чувствува посамоуверено таа почнала да учествува во натпревари за убавина.
Викторија Бекам
Ретко може да ја забележиме како се смее, бидејќи таа не е многу среќна со изгледот на нејзината насмевка, па затоа на повеќето фотки е сериозна за да го прикрие тоа.
Кира Најтли
Додека илјадници девојки посакуваат да бидат слаби, актерката се срами од тоа што е толку слаба и што има мали гради.
Том Круз
Актерост се срами заради неговиот низок раст, а постојат гласини дека носи специјално направени чевли кои го прават неколку сантиметри повисок.
М. М. | Црнобело