Скриените комплекси кои ѕвездите ги имаат за својот изглед
- Детали
- петок, 02 февруари 2018
Нам ни изгледа дека холивудските ѕвезди се совршени и немаат никакви недостатоци во нивниот изглед.
Им завидуваме на тоа и посакуваме да бидеме како нив. Но сепак, верувале или не, и тие имаат недостатоци за кои се свесни и не ги сакаат кај себе.
Па така, додека ние им се восхитуваме, тие се грижат за тоа што не им се допаѓа кај нив.
Во продолжение дознајте која славна личност каков комплекс има кога станува збор за изгледот:
Анџелина Џоли
Додека сите посакуваат да имаат усни како актерката, таа смета дека природата ја наградила со преголеми усни.
Синди Крафорд
Американскиот супер-модел уште од младоста има комплекс дека нејзините гради се премногу мали, па таа често избегнува облека со длабоко деколте, бидејќи мисли дека градите ѝ висат.
Џенифер Лоренс
Актерката во едно интервју има признаено дека би сакала да има совршено тело, бидејќи се смета себеси за полна, а за градите смета дека ѝ се преголеми.
Кристен Стјуарт
Таа признала дека никогаш не била среќна со нејзините уши и според неа се многу големи, а се обидува понекогаш да ги прикрие под косата.
Вил Смит
Уште една славна личност која има комплекс заради ушите, бидејќи во детството, децата се шегувале со него и го нарекувале Дамбо.