Едно кралско правило кое Меган Маркл ќе го прекрши на свадбата и едно кое прифати да го следи постојано

Таа прифати секогаш да оди позади принцот Хари и да му дозволува прв да говори, но на свадбата сака да држи говор, иако традицијата е поинаква.

edno-kralsko-pravilo-koe-megan-kje-go-prekrshi-na-svadbata-i-edno-koe-prifati-da-go-sledi-postojano-01.jpg

Меган Маркл веќе е позната по кршењето на кралските традиции. Според магазинот Times таа на свадбената церемонија ќе прекрши уште едно кралско правило со тоа што ќе одржи говор.

Во Велика Британија, традиционално, младоженецот, таткото на невестата и кумот држат говор. Не е практика невестата да го прави тоа, иако се случува од време навреме.

Но, поранешната актерка одлучила дека на церемонијата на 19-ти мај ќе му посвети емотивен говор на принцот Хари и ќе ѝ оддаде почит на кралицата и нејзиното семејство.

Таткото на Маркл, Томас, е таинствен околу причината зошто нема да држи говор, но тој без разлика на тоа ќе ја испрати ќерка си до олтарот.

edno-kralsko-pravilo-koe-megan-kje-go-prekrshi-na-svadbata-i-edno-koe-prifati-da-go-sledi-postojano-07.jpeg

Иако, Меган е новото лице кое донесе море промени во кралското семејство, сепак некои правила едноставно мора да ги почитува.

Кралицата Елизабета неодамна од неа побарала секогаш да му дозволува на Хари да зборува прв и да не оди пред него.

Објаснувањето за ова е дека никој не сака принц во сенка и Меган со своето однесување треба да придонесе Хари да биде во фокусот на вниманието, а не во втор план. Според фотографиите од настаните Маркл дефинитивно го почитува тоа.

edno-kralsko-pravilo-koe-megan-kje-go-prekrshi-na-svadbata-i-edno-koe-prifati-da-go-sledi-postojano-02.jpeg

edno-kralsko-pravilo-koe-megan-kje-go-prekrshi-na-svadbata-i-edno-koe-prifati-da-go-sledi-postojano-05.jpeg

edno-kralsko-pravilo-koe-megan-kje-go-prekrshi-na-svadbata-i-edno-koe-prifati-da-go-sledi-postojano-04.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg