Роналдо и Џорџина го прославија нејзиниот 24-ти роденден, по новиот скандал со згодна русокоса
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2018
Роналдо моментално е во центарот на обвинувањата дека испраќал непристојни пораки на згодната русокоса Риан Сагден. Но, тоа не ги попречи плановите со Џорџина Родригез да го прослават нејзиниот 24-ти роденден.
32-годишниот фудбалер и неговата 24-годишна девојка Џорџина пристигнале во клуб покрај плажа во Марбеља, при што Роналдо е заштитнички настроен кон неа.
И двајцата со сериозни изрази на лицата, се упатиле кон прославата по повод 24-тиот роденден на Џорџина.
Деновиве избија гласини дека ѕвездата на Реал Мадрид е во „блиски односи“ со згодна русокоса, модел по професија, со која се запознал уште во 2009-та година.
Наводно, Риан се пожалила дека Роналдо ја бомбардира со пораки периодично. Таа одговорила со незаинтересираност, но бидејќи Роналдо бил упорен, морал да интервенира нејзиниот свршеник, британски актер.
Секс скандалите и љубовните триаголници не се ништо ново за Роналдо, па изгледа не допираат ниту до Џорџина:
М. Д. | Црнобело