4 начини на кои несвесно си го уништуваме животот
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2018
Не е ништо чудно, ниту непознато, дека понекогаш самите правиме животот да ни биде полош.
Со некои навики и погрешни избори, придонесуваме за полошо секојдневие, збунетост и недостаток на страст за животот.
Па, доколку не сакате да биде тоа случај, погледнете на што треба да обрнете внимание.
Работи кои носат негативност и начини на кои си го уништуваме животот:
Си го уништуваме животот со погрешниот избор на животни сопатници
Никој не сака да биде сам, а заради стравот од осаменост, често луѓето прават избори кои може да остават сериозни последици.
Не го брзајте живот. За храбро да продолжите понатаму, мора да направите добра анализа на целиот ваш живот. А, за ова понекогаш е потребна „самотија“.
Осаменоста ни помага подобро да се осознаеме себеси, да се развиеме, да разбереме што нè инспирира и што сакаме од животот. И сето тоа води до хармонија.
Многу работи во животот имаат 2 страни. Така и осаменоста не е исклучок.
Понекогаш е добро да го искористите периодот кога сте сами најдобро што можете и да разберете што сакате за да го направите најдобриот избор.
Не избрзувајте да најдете некој само за да не бидете сами–тоа е многу полошо од осаменоста.
Си го уништуваме животот заради неспособноста да ги изразиме чувствата
По искусувањето на некои тешки моменти во животот, многумина се затвораат во себе и тоа им влијае на понатамошното одвивање на работите.
Кога запознаваат нови личности, луѓето се воздржани, се обидуваат да не кажат нешто што не треба, да не случајно ги откријат нивните чувства.
Има многу такви кои сметаат дека манифестацијата на чувства е слабост. Ова е мислење на оние кои немаат храброст да се отворат.
И дозволуваат да веруваат во тоа дека тие се посреќни и поопуштени, безгрижни, но всушност, тие се спречуваат да ги искусат најубавите моменти од животот.
Точно, кога ќе се отвориме, стануваме поранливи, но нема ништо лошо во тоа. Кога човекот станува ранлив, тој е отворен за најдлабоките чувства и емоции.
А, тоа е многу важно да го почувствува секој човек, бидејќи постои некоја магија во тоа.
Не се плашете да се отворите. Заљубете се. Бара многу храброст, но на крајот, се исплати.
Си го уништуваме животот заради неспособноста да простиме
Во животот на сите ни се случуваат немили настани за кои не сакаме да зборуваме и да се присетуваме – одбивање, предавство, тешки зборови–работи кои изгледаат невозможно за простување.
Но, понекогаш, сите овие работи може да ги гледаме како тест и не смееме да дозволиме секој немил настан да ни влијае негативно на самодовербата и односот.
Или пак, има и многу такви постојано се жалат од животот, од луѓето, од себе од неуспехот. Влегуваат во магичен круг од кој нема излез и си го уништуваат животот.
Пропуштаат важни можности во кариерата бидејќи се сметаат за недоволно вредни. Пропуштаат вистинска љубов бидејќи мислат дека не се доволно добри за личноста.
Со тоа си го труете животот, а за да избегате од ова мора да се ослободите од сите гревови кои ве мачат.
Не се жалете за светот, не се сожалувајте и оставете го минатото зад вас. Простете си себеси, простете им на другите и постапувајте посовесно.
Си го уништуваме животот, така што константно се споредуваме со другите
Зошто не е добро да го правиме ова:
- Го споредуваме најлошото од себеси со најдоброто што го гледаме во другите.
- Со споредување, не добиваме ништо, напротив, губиме. На пример, гордост, ентузијазам, возбуда и самодоверба.
- Новите успеси не ни се корисни бидејќи секогаш наоѓаме некој со кој се споредуваме, бесконечно.
- Споредувајќи се со другите, губиме премногу енергија која можеме да ја инвестираме во себеси.
- Секоја личност е уникатна, што значи дека споредбата е неправедна.
Ако ви се познати сите овие работи, престанете да ги правите и почнете да уживате и да ги славите вашите успеси, независно какви се – гордејте се.
Потсетете се дека никој не е совршен и секој има недостатоци во една или друга област.
Не се споредувајте, но барајте луѓе и примери кои ќе ве инспирираат и мотивираат да направите добри дела, да бидете подобар човек и поуспешен.
М. М. | Црнобело