Никогаш не е доцна: Славни дами кои ја пронајдоа вистинската љубов после 40-тата
- Детали
- вторник, 30 јануари 2018
Не постои „погрешно“ време за романса. Таа може да се случи било кога и било каде. Затоа е и важно да не се оптоварувате со патријархалните општествени норми, според кои до одредена возраст во животот, веќе би требало да се „скрасите“.
Никогаш не доцна за вистинската љубов, а тоа го докажуваат и повеќе славни дами, кои ја пронајдоа после 40-тата година. И посреќни се од кога и да е.
Камерон Диаз (45) е една од жените кои едноставно немаа(т) среќа во љубовта. Зад себе има многу екс партнери. Постојано наидуваше на погрешни мажи, кои не беа умешни да ја согледаат нејзината вредност. Но, во 42-тата година од животот, филмската ѕвезда го запозна Господинот Вистински.
Нејзината љубовна приказна со Бенџи Маден (38), лесно би можела да се претвори во сценарио за холивудска романтична комедија. Популарната глумица и гитаристот на бендот Good Charlotte имаат мноштво заеднички пријатели, но официјално се запознале дури во пролетта 2014 година.
Камерон правела скара во својот дом, па на гости ја поканила пријателката Никол Ричи, мажена за Џоел Маден, кој е близнак на Бенџи. Ја прашал дали смее да го викне и брат му, на што актерката одговорила: „Секако, па сите ние сме едно семејство!“
Меѓутоа, таа не ни претпоставувала дека наскоро навистина ќе биде така. Во едно интервју, призна дека ѝ се допаднал на прв поглед:
„Откако го запознав, прво што си помислив е дека е згоден! Се запрашав како тоа да претходно не го знаев. Никогаш не бевме во исти кругови.“
Осум месеци подоцна, двојката се сврши, а судбоносното да си го изрекоа на интимна церемонија, кон почетокот на 2015 година.
„Се венчавме во својата дневна соба, пред најблиските пријатели. Потоа имавме мала забава во градината. Ние двајцата сме мошне различни како личности, ама ги споделуваме истите вредности. Никогаш немав искусено нешто такво. Никогаш никој не ме сакал на овој начин. Го погледнувам секој ден и едноставно ме инспирира. Навистина сум среќничка.“
На 5-ти јануари, Камерон и Бенџи ја прославија третата годишнина од бракот. Тие максимално уживаат во заедничкиот живот, а глумицата признава дека веќе не се ни сеќава на бившите партнери:
„Сега кога го имам мојот сопруг покрај себе, ништо повеќе не е важно. Воопшто не се присетувам на минатото. Никој не може да се спореди со него. Сѐ друго исчезна. Едноставно сфаќате дека тоа е она вистинското. Вистинската љубов. Сфаќате што значи вистинска посветеност и лојалност. Тоа е личноста со која го градите својот живот.“
Гвен Стефани (48), пак, имаше 46 години кога побара развод од Гевин Росдејл. Само година по раѓањето на нивниот трет син, познатата пејачка дознала дека сопругот веќе подолго време ја изневерува со дадилката.
Таа не ни помислуваше дека после мачниот и тежок развод ќе пронајде нова љубов, но набрзо ѝ се случи, во текот на снимањето на музичкото реално шоу „The Voice“.
Додека Гвен ставаше точка на бракот со Гевин, колегата во жирито Блејк Шелтон (41), исто така се разведуваше од сопругата Миранда Ламберт, поради извршената прељуба од нејзина страна.
Заради сличноста на нивните ситуации, обете ѕвезди неочекувано се зближија, а од пријателството се изроди љубов, која трае до денес.
Кои се и преостанатите познати жени на кои среќата во љубовта им се насмевна по 40-тиот роденден? Погледнете во продолжение:
Марша Крос и Том Махони
Габриел Јунион и Двејн Вејд
Џенифер Анистон и Џастин Теру
Салма Хајек и Франсоа Пино
Камерон Диаз и Бенџи Маден
Сандра Булок и Брајан Рендал
Ева Лонгорија и Хозе Бастон
Гвен Стефани и Блејк Шелтон
М. А. | Црнобело