Ѕвездата на „Сам дома“ проговори за контроверзното пријателство со Мајкл Џексон
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2018
Меколи Калкин нема ниту еден лош збор против својот некогашен пријател, но гласините не сопираат.
Со името на Мајкл Џексон беа поврзувани многу мистериозни приказни и обвинувања за злоупотреба на деца. Едно од најинтригантните пријателства на легендарната ѕвезда е она со ѕвездата на „Сам дом“, актерот Меколи Калкин.
Меколи во периодот кога беше дете ѕвезда интензивно се дружеше со поп кралот и за оваа нивна пријателска врска се нижеа многу приказни. Сепак, Меколи тврди дека нивниот однос бил само платонски, иако други шпекулираат поинаку.
Тој сега отворено проговори за неговиот некогашен најдобар пријател:
„Тој ми беше како најдобар пријател. Тоа беше легитимно пријателство. Мајкл ми обезбедуваше огромна емоционална поддршка кога имав проблеми со моето семејство“, изјави Меколи, кој неодамна откри дека неговиот татко го злоупотребувал како дете и тој за тоа молчел со години.
Меколи го запознал Мајкл на балетотската претстава „Оревокршачка“.
„Тој дојде зад сцената пред шоуто. Сакаше танц, беше талентиран танчар. Дојде со Доналд Трамп, затоа што беа пријатели во тоа време. Се сеќавам ме гледаше со поглед „те познавам од некаде“.
Потоа по значајната улога на Меколи во „Сам дома“, Мајкл му се јавил и го поканил да дојде во неговиот дом, да се дружат и наскоро станале пријатели.
Мајкл беше обвинет за злоупотреба од две различни момчиња во 1993 и 2003 година. Во првиот случај никогаш не беше обвинет, а беше ослободен и од обвинувањата во вториот случај.
И покрај обвинувањата за поп кралот, Калкин вели дека никогаш не се чувствувал некомфорно и чудно во негово друштво.
Ако прави психоанализа на пријателството со Мајкл, Калкин вели дека смета дека поп кралот сакал да се дружи со него за на тој начин да ужива во детството кое никогаш го немал.
Инаку Калкин по смртта на Мајкл, остана многу близок пријател со неговата ќерка Парис Џексон. Тој е многу заштитнички поставен кон неа, а имаат и исти тетоважи во форма на лажици на рацете.
Меколи со години се бори со хероинот, но сега е во подобра состојба и ужива во љубовта со актерката Бренда Сонг.
С. С. | Црнобело