Сосема природна, сосема своја: Најдобрите модни изданија на Каролина Гочева (фото)

Велат стилот е начин да кажете кои сте без да проговорите, а Каролина совршено го прави тоа без разлика дали е на плажа, скијање, прошетка или настап.

najdobrite-modni-izdanija-na-karolina-gocheva-foto-01.jpg

Да се биде стилски облечен значи да се истакнуваш, но и да се вклопуваш едновремено, а оваа способност Каролина Гочева дефинитивно ја поседува.

Таа се истакнува каде и да се појави, сосема соодветно облечена за пригодата.

Па, така ако на сцената ја гледаме во гламурозни тоалети, елегантни коктел фустани, класични панталони и кошули и тесни здолништа, за прошетки сака лежерен стил со тексас комбинезони, маички со написи и патики. Сосема природна, сосема своја.

На плажа не оди без некоја впечатлива наметка, а на скијање без модно парче во силна боја. Изгледа одлично во секое издание.

Некогаш во духот на девојка од соседството, а некогаш како холивудска убавица од црвениот тепих, таа знае да ја процени пригодата и да се облече во духот на истата.

View this post on Instagram

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Обожава минимализам и монохроматски комбинации, како и дамски стајлинг за настапите и јавните појавувања. Но, во приватноста често ја гледаме во лежерно издание без грам шминка на лицето, како што се нејзините опуштени прошетки во хеланки и маички на Водно.

И, се разбира, само едно нешто е задолжително секаде, таа не излегува без нејзиниот омилен моден додаток – насмевката.

Македонското девојче едноставно блеска во секое издание:

Фото: Лилика/Стефан Дамјановски/официјални фотографии од концерти/приватна архива

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg