Која е егзотичната убавица што му го освои срцето на латино заводникот Малума? (фото)
- Детали
- петок, 26 јануари 2018
Латино заводникот, која има армија обожавателки ширум светот, се вљуби во моделот Наталија Барулич.
Малума предизвика лавина од реакции откако беше фотографиран како се бакнува со моделот Наталија Барулич (25) на одмор во Портофино, Италија.
По месеци минати во интензивна дружба и пријателски однос, кај нив се родила љубов.
Парот се запозна минатата година на снимањето на спотот на Малума за песната „Felices los 4“.
23-годишниот колумбиски пејач ужива во друштвото на убавицата со кубанско-хрватско потекло, родена во Калифорнија, која чекори на најпознатите светски модни шоуа.
Таа е заштитно лице на брендот Guess, горда е на своите латино корени и има мало кученце од расата померанец за кое се грижат заедно со Малума, затоа што и двајцата постојано прикачуваат фотографии од него на социјалните мрежи.
Запознајте ја егзотичната Наталија:
С. С. | Црнобело