Шик трудница на 42 години: Ева Лонгорија во цветен комбинезон на ручек со сопругот (фото)
- Детали
- петок, 26 јануари 2018
Во декември 2017, Ева Лонгорија откри дека е во 4-иот месец од бременоста и дека со сопругот Хозе Бастон очекуваат момче.
Неколку дена подоцна, за првпат го покажа трудничкото стомаче на прошетка низ Мајами, облечена во кежуал аутфити.
Во четвртокот, актерката е повторно „уловена“, заедно со Хозе на ручек во Беверли Хилс.
Фатени за рака, двајцата изгледаа среќно, а во еден момент се забележани како излегувајќи од ресторан, се обидуваат да им побегнат на папараците кои ги „напаѓаат“.
Таа изгледа одлично со оглед на тоа што веќе е во 5-иот или 6-иот месец од бременоста, а успеала и да го прикрие стомачето.
Облечена во шик, цветен комбинезон и црни сандали на штикла, погледнете како таа се држи за 42-годишна трудница:
М. М. | Црнобело