Грешки во заветите, скршена тијара: 9 незгоди на британските кралски свадби
- Детали
- петок, 26 јануари 2018
И припадниците на кралското семејство се соочуваат со незгоди на нивниот важен ден, па од истуткана венчаница до грешки од трема, сè е возможно.
Кралските венчавки се планираат со месеци со тимови од стотици луѓе за сè да биде доведено до совршенство.
Но, и покрај тоа на овие епски свадбени прослави се случуваат грешки, а фотографите во неколку ситуации го уловија тоа.
Дел од непријатните ситуации:
Принцот Вилијам бил комплетно ненаспан на својата свадба
Принцот Вилијам откри дека ноќта пред свадбата со Кејт Мидлтон успеал да заспие само половина час и бил комплетно истоштен во текот на целиот ден.
Тоа јасно се забележува на дел од фотографиите. Возбудата и нервозата го направиле своето.
Тијарата на кралицата Елизабета се скршила утрото на нејзиниот свадбен ден
Кралицата Елизабета добила тијара направена од 1919 година, која припаѓала на кралицата Мери, но таа ѝ се скршила утрото пред свадбата со принцот Филип во 1947 година.
На тој ден полициски припадници ја однеле тијарата на поправка и брзо ѝ била вратена на кралицата Елизабета за да ја носи на прославата.
Принцот Чарлс се збунил при кажувањето на заветите
На свадбата во 1981 во принцезата Дијана од трема при кажување на заветите принцот Чарлс направил неколку грешки.
Дијана му го заборавила името на принцот Чарлс
На свадбата принцезата Дијана наместо да му се обрати на идниот сопруг со Чарлс Филип, таа го нарекла Филип Чарлс Артур Џорџ.
Дијана имала ужасна главоболка во текот на целата свадба
Тијарата што ја носела Дијана наводно ѝ предизвикувала ужасна главоболка за време на свадбата затоа што таа не била навикната на носење на тијари.