Пак направи грешка: Меган Маркл прекрши уште едно кралско правило (фото)
- Детали
- вторник, 23 јануари 2018
Иако до големата свадба преостануваат уште само неколку месеци, се чини дека свршеницата на принцот Хари и понатаму го нема научено строгиот протокол на британската монархија. Или, пак, тешко ѝ е да го испочитува.
Откако на традиционалната божиќна миса во Сандригам подигна прашина, плазејќи го јазикот пред очите на јавноста, деновиве Меган Маркл одново беше мета на критики заради непочитување на ригорозните прописи.
При посетата на Кардиф, поранешната актерка и принцот Хари ги дочекаа мноштво Велшани, кои не го криеjа воодушевувањето од идната припадничка на британското кралско семејство.
Убавата Американка беше пречекана еуфорично, со цвеќе и подароци. Таа срдечно се поздравуваше со насобраните луѓе пред дворецот во Кардиф, а во текот на средбата со Велшаните, не ја симнуваше широката насмевка од лицето.
Меѓутоа, поради една малечка обожавателка, пак ѝ се поткрадна грешка, па уште еднаш го прекрши строгиот протокол на монархијата.
Имено, кога девојчето ја замоли за автограм, сега веќе бившата холивудска актерка веднаш ѝ се потпиша, како што тоа многупати го правела во минатото.
Но, таквиот потег на Меган се коси со кралското правило, кое на членовите на семејството им наложува да не делат автограми, како и да не се согласуваат на селфи фотографии со фановите. А, таа го стори и тоа.
Според протоколот, автограмот не смее да се дава на други луѓе, затоа што го олеснува потенцијалното фалсификување на кралските потписи. Па, на барањата за автограм, тие вообичаено одговараат со пристојно: „Не, не можам.“
Единствениот исклучок го направи принцот Чарлс, кога на жртви од поплавата во Корнвол им напиша на парче хартија: „Чарлс 2010“. Сепак, кога се правилата во прашање, дури и кралицата Елизабета има прекршено едно од нив.
Случајно или намерно, Меган и Хари не испочитуваа шест кралски правила, но ним навистина е тешко да им се најде некаква замерка.
Особено кога ќе видите колку се слатки, вљубени и среќни. Тие навистина уживаат во својата врска и тоа е прекрасно, зар не? А, на идната војвотка веројатно ќе ѝ појде од рака да ги научи сите правила до денот на венчавката.
М. А. | Црнобело