11 работи кои не ги знаевте за Меланија Трамп како мајка
Таа е среќна со едно дете
На прашањата за повеќе деца Меланија вели: „Не сакам да велам никогаш, но мојот живот е многу зафатен, среќни сме и моите раце се полни со работа со моите две момчиња – моето големо момче и моето мало момче“, мислејќи на Доналд и Барон.
Игра со него
Каков татко, таков син, знае да каже Меланија о поглед на желбата на нејзиниот син Барон кој сака да креира цели градови и аеродроми со помош на лего коцките.
Таа е среќна кога седи на подот со него и му помага со тоа.
Ја негува кожата на Барон со кавијар
Меланија заврши на насловните страници во 2013 година кога откри дека од својата козметичка линија со кавијар му нанесува на лицето на нејзиниот син Барон секој ноќ.
„Мириса навистина свежо. Му ставам на него и тој го обожава тоа.“
Барон нема само една негова соба
Наместо негова детска соба, Барон има цел негов кат во кулата Трамп.
Школувањето на Барон годишно чини 46.690 долари
Барон се школува во едно од најелитните училишта во Њујорк „Columbia Grammar and Preparatory School“.
Таа е добар слушател
„Мислам дека број 1 вештина за секој родител е способноста да биде добар слушател. Јас слушам што кажува моето дете, што го мачи и што го прави среќно. Тогаш можам да го водам и поддржувам. Не му ги наметнувам моите мислења и ставови. Сакам да порасне во независна личност.“
Повеќе факти за Меланија Трамп прочитајте ТУКА.
С. С. | Црнобело