Роналдо побара телефон на теренот за да си ја види повредата на лицето
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2018
На натпреварот на Реал Мадрид против Депортиво Ла Коруња во неделата, Кристијано Роналдо се здоби со мала повреда.
Тој го даде вториот гол со глава, но тоа заврши со повреда и исекотина на лицето кое му беше раскрвавено.
Додека физиотерапевтот го упатуваше надвор од теренот за да му ја третираат исекотината, фудбалерот го побара неговиот телефон за да си ја провери штетата на лицето.
Неговата реакција ќе остане добро запомнета, бидејќи изгледаше како воопшто да не му е драго што го уништи неговото лице, а на твитерџиите им даде инспирација за шегување на негова сметка.
Некои велат дека неговата реакција била како да помислил: „Сепак не вредеше да се борам за топката“, други заклучиле дека е премногу самобендисан и дека преувеличува.
Погледнете неколку Твитер реакции:
🤕 Cristiano Ronaldo was left with a cut after scoring for Real Madrid;
— Fantasy Hub (@FantasyFootyHub) January 21, 2018
😂 So what does he do... he borrows the physio’s phone to check the damage!
😬 Who else! pic.twitter.com/hT0WuGPDG5
bloody Ronaldo checking his face on a cell phone is definitely going to be a meme, huh?
— Shahan Ahmed (@shahanLA) January 21, 2018
https://twitter.com/colbisonlawlor/status/955132161946013696?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.sportbible.com%2Ffootball%2Fnews-reactions-funny-cristiano-ronaldo-asks-physio-for-his-phone-to-look-at-head-injury-20180121
The difference between Rugby and Soccer Keith Earls nearly gets his head taken off Ronaldo gets a nick on the face ud think he was dying gets a phone lucky it had the mirror app I've seen it all now #MUNvCAS #Ronaldo pic.twitter.com/xyU4PRJK6Y
— Glen Archbold (@glenarchbold) January 21, 2018
М. М. | Црнобело