Ед Ширан со Инстаграм фотка соопшти дека ја запросил неговата девојка
- Детали
- недела, 21 јануари 2018
Минатата година Ед ширан изјави дека тој е подготвен да се ожени со неговата најдобра другарка од средно, а сега најави дека тоа навистина ќе се исполни.
Пејачот објави фотка на Инстаграм, на која ја бакнува неговата девојка, Шери Сиборн, а во описот напиша:
„Си добив вереница малку пред Нова година. Многу сме среќни и заљубени.“
Ед и Шери се пријатели од средно училиште, а во врска се од 2015-та.
Тие одреден период воделе и врска на далечина, додека таа студирала и работела во САД, но по неколку месеци се вратила во Лондон за да може да биде со нејзиниот сакан.
Тој не ја покажува многу неговата девојка и ја чува врската во тајност, но сепак има изјавено дека сака семејство и деца со неа, а за свадбата кажал дека не сака ништо гламурозно, само на менито да има пица и пиво.
М. М. | Црнобело