И тие имаат свои „демони“: Емотивни изјави на членовите од кралското семејство
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2018
Принцот Хари говори за смртта на неговата мајка Дијана, а Кејт Мидлтон за кризите во бременоста.
Тие прават многу работи според правила и внимаваат на однесувањето, но на крајот од денот и члeновите на кралското семејство се само обични луѓе со емоции и свои „демони“.
И тие водат свои животни битки.
Од славата до загубата на саканите, еве неколку нивни навистина емотивни изјави:
Принцот Хари
„Дали постои некој во кралското семејство што сака да биде крал или кралица? Мислам не, но, ние ќе продолжиме да ги извршуваме нашите должности во вистинското време.“
„Можам со сигурност да кажам дека губењето на мајка ми на 12-годишна возраст и затворањето на моите емоции во наредните 20 години, имаше сериозно влијание не само на мојот приватен живот, туку и на работата, исто така. Мислев дека размислувањето за неа само ќе ме направи тажен и нормално нема да ја врати назад. Па, од емоционална страна бев во фаза - Во ред, не дозволувај твоите емоции да бидат дел од ништо.“
Принцезата Дијана
„Беше изолирачки и осаменички да се биде во брак со Чарлс, но тоа исто така беше ситуација каде што не можеш да тонеш во самосожалување – или ќе пливаш или ќе се удавиш. И мора да научиш многу бргу.“
Принцот Вилијам
„Сакам Џорџ да израсне во реална, жива околина. Не сакам да расте сокриен зад ѕидините на платата, тој мора да биде надвор. Со медиумите е тешко, но ќе смислиме како да се бориме со нив за да има нормален живот.“
Кејт Мидлтон
„За време на бременоста има осаменички мигови кога се чувствувате многу изолирано, но всушност многу жени минуваат низ комплетно истото искуство низ кое минувате вие.“
С. С. | Црнобело