4 двојнички на Меган Маркл заработуваат илјадници поради сличноста со неа
- Детали
- недела, 28 јануари 2018
Овие четири жени периодов заработуваат вртоглави суми само поради сличноста со свршеницата на принцот Хари.
Овие четири жени периодов постојано се застанувани од луѓе кои мислат дека тие се Меган Маркл.
Постојат т.н. „lookalike agencies“, односно агенции кои ангажираат луѓе што личат на познатите личности.
Во една таква агенција периодов во Велика Британија има 4 двојнички на Меган Маркл, кои заработуваат илјадници долари со појавувања на модни ревии и фотосесии и тоа само поради фактот што личат на Меган. Се разбира, постојат и многу други девојки кои личат на неа, но овие веќе прават пари од тоа.
По десетици пати на ден луѓе ги сопираат за да направат селфи со нив затоа што мислат дека се вистинската Меган.
Нивната популарност порасна по свршувачката, а бумот најверојатно ќе биде по кралската свадба на Меган и принцот Хари.
Двојничките на Меган:
Sarah Mhlanga
Живее во Манчестер, има 35 години, сопруг и две деца и работи во добротворна организација.
Nicole Butcher
Живее во Лондон, има 23 години и наскоро ќе започне со работа во авио компанијата British Airways.
Colleen Phelan
Живее во Бромсгров, има 32 години и е самохрана мајка на две ќерки.
Danielle Bourne
Живее во Волингтон, има 38 години и е самохрана мајка на еден син.
С. С. | Црнобело