Џерард Батлер одбра: Кој се бакнува подобро - Анџелина Џоли или Џенифер Анистон?
- Детали
- четврток, 18 јануари 2018
Љубовниот триаголник помеѓу Бред Пит, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли дефинитивно е еден од поголемите во Холивуд. Но, Бред не е единствениот кој се бакнувал и со двете дами.
На Џерард Батлер му беше поставено едно незгодно прашање во шоуто на Енди Коен – Кој подобро се бакнува, Анџелина или Џенифер?
Со оглед на тоа што и со двете врвни актерки има романтични сцени, сосема е веродостоен неговиот одговор.
Во 2010-та со Анистон го снимаше Bounty Hunter, а во 2003-та со Џоли имаше љубовна сцена во Lara Croft Tomb Raider: The Cradle of Life.
https://www.youtube.com/watch?v=29XqfW0AHdU&has_verified=1
По неколку секунди мислење и негодување да одговори, Џерард конечно кажа: „Џенифер Анистон.“
М. Д. | Црнобело