96-годишна актерка полна со живот и енергија: Која е тајната на долговечноста на Бети Вајт?
- Детали
- недела, 21 јануари 2018
Познатата актерка го прослави 96-тиот роденден, а на филмската сцена е присутна повеќе од 70 години.
Сме ја гледале во многу филмови и серии, а благодарение на тоа, таа влезе и во Гинисовата книга на рекорди, како дама со најдолг стаж во филмската уметност.
Без разлика на возраста, Бети Вајт секогаш умее своите улоги ги одигра со заразна позитивна енергија, што предизвикува воодушевување кај публиката.
За тајната на долговечноста, Вајт вели дека се крие во тоа да се ужива во секој момент од животот.
„Го прескокнувам појадокот, јадам сендвичи, пијам вотка навечер, а кога се собираме со пријатели пијам многу повеќе“, изјавила таа, додавајќи дека повремено волонтира во зоолошка градина во Лос Анџелес.
Вели дека претежно внимава на исхраната, но уште почесто си дозволува и хот-дог, помфрит и сокови.
С. У. | Црнобело