Ким Кардашијан потрошила 500.000 долари на луксузни играчки и декорации за третото дете
- Детали
- среда, 17 јануари 2018
Ким Кардашијан и Канје Вест долго го очекуваа нивното дете од сурогат мајка, кое се роди на 15 јануари, 2018.
Ким соопшти дека се многу среќни за нивната ќерка и благодарни на сурогат мајката која им го остварила сонот на неа и нејзиното семејство.
Сѐ уште не ни е познато како ќе се вика девојчето, но знаеме дека од првиот ден ќе живее во луксуз.
Ријалити ѕвездата малку претерала со возбудата и потрошила околу 550.000 долари на декорирање на новата соба за бебето и на луксузни предмети и играчки.
Според изворите, мајката потрошила 170.000 долари на Louis Vuitton мече и 137.000 долари за лулка-коњ украсен со Swarovski кристали.
За нејзината ќеркичка купила и Suommo Dodo златна цуцла која чини 96.000 долари, а наводно потрошила и 100.000 долари на бебешка облека од лимитирана колекција на Dolce&Gabbana.
Нејзиното трошење наводно не го оправдува ниту нејзиниот сопруг Канје, кој смета дека работата излегла од контрола.
Сепак, според изворите, Ким изгледа не ги троши сите пари само на ќеркичката, туку во нејзиниот дом направила и спа каде ќе може да се релаксира одвреме-навреме, секако заедно со детето, каде има посебен базен за бебиња.
Работите навистина излегле од контрола доколку сè ова е вистина, па можеби наскоро ќе видиме фотки од сите овие работи, како и од декорираната соба за сестричката на Норт и Сент.
М. М. | Црнобело