Првата фотографија од новороденото бебе на Енрике Иглесијас и Ана Курникова
- Детали
- вторник, 16 јануари 2018
Енрике Иглесијас е пресреќен поради улогата на татко.
Во декември 2017 во медиумите излезе информацијата дека Ана Курникова и Енрике Иглесијaс за првпат станаа родители на момче и девојче, а според изворите Ана се породила во Мајами.
Изворите тврдеа дека имињата на близначињата наводно се Николас и Луси.
Оваа вест изненади многу фанови, со оглед на тоа што никогаш не дознавме дека Ана е воопшто бремена.
Сепак, водејќи се по тоа дека тие и нивната врска постојано ја чуваат во тајност и настрана од медиумите, не е ништо чудно што парот бил мистериозен и за бременоста на тенисерката.
На социјалните мрежи тие добиваа честитки, но Енрике дури сега објави фотографија од своето бебе. Дали ова е само едно од близначињата или пак информацијата била погрешна, а Ана и Енрике добиле едно детенце останува да видиме!
Енрике е пресреќен поради приновата:
С. С. | Црнобело