Шарлот се грижи за Џорџ, а тој не знае дека ќе биде крал: 11 факти за најпопуларните кралски деца
- Детали
- четврток, 18 јануари 2018
Најмалите и најпопуларни членови на британското кралско семејство растат многу брзо и луѓето сѐ повеќе се интересираат за нивниот живот.
Нивните родители принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, имаат посебни правила за воспитување и воспоставува со нив силна врска.
Тие се вистински модни детски икони, а речиси целиот свет ги обожава.
Па, доколку сакате да дознаете нешто плус за нив, прочитајте ги следниве факти:
1. Очигледно, Шарлот е главна и иако е помала, таа повеќе се грижи за нејзиното братче Џорџ, според кралицата.
2. Шарлот била многу лесна за чување и слатка, според нејзиниот татко.
„Но, сите татковци ми велат да почекам додека наполни 9,10 години и потоа ќе стане лудо. Едвај чекам, ќе има драма.“ – вели принцот Вилијам.
3. Џорџ обожава бури, а ова го откри неговата мајка.
Добар репортер ја отворил темата со Кејт, велејќи дека се ближи бура, а војвотката одговорила „Да, знам се за нив. Џорџ сака бури исто така.“
4. Џорџ не знае дека ќе биде крал.
„Ќе дојде време и место кога ќе му биде кажано и ќе разбере како се вклопува во светот. Многу сме нормални по тоа прашање.“ – изјавил принцот Вилијам.
5. Целосното име на Шарлот е Шарлот Елизабет Дијана, во чест на кралицата Елизабета и принцезата Дијана.
6. Иако принцот Вилијам зборуваше дека го учел Џорџ да игра фудбал, тој откри и дека малиот принц не сака кога играта ќе стане груба и кога доаѓа до физички контакт со играчите.
7. Шарлот сака да си игра со плишани играчки кои секој може да си ги дозволи (за разлика од оние на децата на Ким Кардашијан).
8. Според Кејт, Џорџ е причината што нивните деца останале дома кога таа и Вилијам патувале во Индија.
„Бидејќи Џорџ е премногу палав. Тој би трчал насекаде низ местово. Следниот пат, ќе ги донесеме и нив.“ – изјавила таа на патувањето.
9. Џорџ и Шарлот сакаат да ја слушаат приказната The Gruffalo додека патуваат долго со автомобил.
10. Џорџ обожава да готви со неговата мајка.
„Кога го правам ова со Џорџ, чоколадото и сирупот се насекаде низ кујната. Тој прави толку голем неред. Хаос е.“ – открила Кејт кога зборувала со неколку млади пекари.
11. Тие подготвуваат домашно изработени подароци за кралицата.
„Навистина е тешко да се одбере подарок за кралицата, да бидам искрен. Сега има внуци и тие може сами да направат нешто.“ – изјавил Вилијам.
М. М. | Црнобело