Намрштени и отуѓени: На Бен и Џенифер не им се седи еден покрај друг (фото)
- Детали
- сабота, 20 јануари 2018
Бившите сопружници се сретнаа заради синот, но се чини дека и двајцата повеќе посакуваа да бидат на некое друго место.
Десет години беа неразделни, сѐ дури проблемите во рајот не ги доведоа до развод на бракот.
Сепак, тие никогаш не ќе можат да прекинат секаков контакт помеѓу нив, особено заради децата.
Глумците Бен Афлек и Џенифер Гарнер, обајцата 45-годишници, се разделуваа и смируваа две години. За тоа време посетуваа и брачен советник, но лани и официјално ставија потпис на докумeнтите за развод.
Бидејќи ги поврзуват трите деца, средбите им се неизбежни.
И, додека Џенифер може многу почесто да се види како шета сама со нив низ град, Бен има нова девојка во која пронајде утеха, па со неа поминува сѐ повеќе време.
Станува збор за филмската продуцентка Линдзи Шукус. Се шушка дека актерот планира повторно да застане пред олтарот, но гласините не се потврдени.
Наспроти сѐ, некогашните сопружници останаа во (колку што тоа е можно) пријателски односи и поддршка си се еден на друг.
А, често се и среќаваат кога се во прашање важните настани за нивните деца.
Понекогаш се трудат да ја задржат насмевката на лицето. Некогаш, пак, никако не им успева.
Така беше и на кошаркарскиот натпревар кој заедно го следеа од трибините, бидејќи eден од играчите беше и нивниот син Самуел.
Видно нерасположен, Бен цело време ѕиркаше во мобилниот телефон, а ниту Џенифер не можеше да го сокрие лошото расположение. Тажна глетка, зар не?
М. А. | Црнобело