Има посебно мени за кучињата и 20 готвачи: Тајни за британската кралска кујна

Секојдневниот живот на членовите на британското кралско семејство, посебно на кралицата Елизабета е покриен со завеса полна со тајни.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-01.jpg

Но, за среќа на оние кои се заинтересирани за нивниот живот, постојат луѓе кои одвреме навреме ни ја отвораат завесата.

Овојпат, куварите кои некогаш работеле таму, откриваат тајни за Бакингемската палата, кралицата Елизабета и останатите членови.

Кралицата Елизабета тешко може да се нарече гурман

Таа преферира едноставна храна, без многу зачини и додатоци.

Нејзиното вообичаено мени изгледа вака – за појадок јаде снегулки, овошје и јајца, ручекот се состои од риба и зеленчук или пилешко со салата, а за вечера сака месо со сос од печурки.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-02.jpg

Во Бакингемската палата има 20 готвачи

Сите готвачи се ангажирани за време на големите банкети, кои се одржуваат 2-3 пати годишно.

За време на овие настани е ангажиран и специјалист од Министерство за Надворешни Работи, кој има задача да се осигура дека има јадења кои одговараат за сите гости и религии.

Во обични денови, во кралската кујна работат 8-10 готвачи истовремено.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-03.jpg

Кралицата обожава благо

Кралицата е љубител на чоколадо, посебно темно, со какао повеќе од 60%. Еден од омилените брендови ѝ е Bendicks Bittermints, а омилен десерт ѝ е чоколадна торта со цимет, чоколаден крем и пуслици.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-04.jpg

Принцезата Дијана почитувала здрава исхрана

Таа јадела многу зеленчук, пилешко и ретко консумирала црвено месо. Посебно за неа, готвачите готвеле обезмастени оброци од познатите јадења.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-05.jpg

Кејт Мидлтон исто така се лимитира во исхраната

Основата на исхраната на војвотката од Кембриџ се состои од зеленчук, овошје, цели зрна и полно месо. Таа одвреме навреме се потпира на некои диети, но знае и да си дозволи по некое задоволство.

Омилено јадење ѝ е пилешко со кари, што со задоволство го готви и сама.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-06.jpg

Кралицата не јаде лук

Таа смета дека да се „вдишува“ лукот од луѓето со кои се сретнува е многу непристојно, па овој производ е забранет во кралската кујна.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-07.jpg

Кралицата е умерена со алкохолот

На банкети, знае да се напие малку џин или слатко вино, а на семејните ручеци, само чаша слатко германско вино. Во останатото време, нема алкохол на кралското мени.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-08.jpg

Кралицата нарачува од мени

Од него, таа пречкртува што не ѝ се допаѓа и остава забелешки, а имињата на јадењата се напишани на француски. За нејзините кучиња има посебно мени за секој ден кое е закачено на ѕидот во кујната.

Предуслов е храната, посебно месото, да се служи во мали парчиња, за кучињата да не се задават.

ima-posebno-meni-za-kuchinjata-i-20-gotvachi-tajni-za-britanskata-kralska-kujna-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Ретка фотка од Мадона со набрана кожа на рацете и лицето – „Личи на кралицата Елизабета“ „Изгледа се врати на оригиналниот изглед“ – коментираат твитерџиите што имаа мож...
Абортирала кога била многу млада, била сексуално малтретирана од колега – Мрачни тајни од животот на... „Болеше ужасно, но не се жалев. Толку многу се срамев од себе, што чувствував де...
Паола била најтажната принцеза во Европа во 70-тите – Со децении молчи за аферите на сопругот и него... Добила забрана да се разведе и со години криела дека сопругот живее со љубовница...
Тајните на славните дами заради кои чекорат во штикли како да се во патики Бираат носени и разгазени чевли наместо извадени од кутија за на настан, Кејт Ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg