Училишното мени на принцот Џорџ: Што јаде малиот британски наследник?
- Детали
- вторник, 16 јануари 2018
Во „обичните“ училишта децата имаат два избори – ќе ручаат она што е на дневното мени во кујната или од дома ќе си понесат сендвич. Но, принцот Џорџ е вистински мал принц и кога се работи за исхраната.
Во неговото училиште секоја недела се планираат различни и нови рецепти и ручеци, а некои од нив значително се истакнуваат благодарение на здравите, вкусни и примамливи состојки.
Па така, принцот Џорџ може да бира меѓу говедски медалјони во италијански сос со рендан органски кашкавал или на пример, пилешко со печурки и компир.
Освен класичните оброци, на менито има и специјалитети како мисиркино месо на индиски тикка масала начин, со ориз и мешунки.
Принцот може да одбере и свински колбаси со помфрит, кечап и грашок, но оброкот може да биде и вегетаријански, ако дента не е расположен за месо. Пример, сладок компир и тиква, тортелини со спанаќ и рикота, во сос од домати или пак, пикантно бурито со сирење.
За десерт, малиот наследник најчесто јаде овошје, пита полнета со овошје, желе и пудинг.
Разновидно и кралски.
М. Д. | Црнобело