Мишел Обама во бело бикини ужива со ќерката Малија во Мајами (фото)
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2018
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама и нејзината најстара ќерка, Малија, ретко може да се забележат во вакво издание, но изгледа дека тие уживаат без да се грижат за околината.
Мајката и 19-годишната ќерка се забележани како шетаат на плажа во Мајами, опкружени со пријатели, вклучувајќи го и поранешниот советник на администрацијата на Обама, како и персоналот на Тајната служба.
53-годишната Мишел е фотографирана во бело бикини, комбинирано со бели шорцеви со висок струк и бела тенка кошула, додека пак Малија е облечена во црн долен дел бикини и дуксер.
Истиот ден подоцна, двете дами се забележани како го напуштаат хотелот со многу куфери, пред да се упатат на ручек.
Облечени во лежерни аутфити, семејството Обама повторно покажа дека ужива во животот надвор од Белата куќа:
М. М. | Црнобело