Кавги, тепање и скандали: 10 познати личности кои биле во токсични врски
Мел Гибсон и Оксана Григориева
Благодарение на лентите кои протекоа во јавноста злоупотребата во нивниот брак беше јавна. Гибсон ја малтретирал својата девојка физички и емоционално.
Тој потоа ѝ понудил 1.5. милиони долари за смирување на ситуацијата, но таа одбила и прогласила банкрот.
Ејми Вајнхаус и Блејк Филдер
Ејми почина на само 27 години и тоа поттикна многу гласини. Некои од нив беа дека поранешниот сопруг Блејк Филдер ја запознал со дрогата и, иако во тој период парот веќе беше две години разведен, многу прсти беа посочени кон него.
Сето тоа беше благодарение на лошата репутација на нивната врска во изминатите години.
Мадона и Шон Пен
Мадона и Шон Пен се венчаа во 1985 година и се разведоа 4 години подоцна. Нивниот развод мина жестоко со многу кавги, незадоволство и гласини за физичка злоупотреба.
Во неколку пригоди потоа тие беа видени заедно и кружеа гласини дека се смириле, но никогаш не беше потврдено.
Мајк Тајсон и Робин Гивенс
По една врска година, Мајк Тајсон и Гивенс се венчале. По спонтаниот абортус на Гивенс, злоупотребата започнала.
Таа потоа изјави дека постојано се плашела од Мајк и тој често ја удирал, ситуацијата била неподнослива. Се развеле токму на Денот на вљубените.
Ким Кардашијан и Дејмон Томас
Бракот на овој пар траел 4 години. Во 2010 Ким се отвори за времето минато со Томас и откри дека често ја тепал. Исто така, ѝ нудел пари за липосукција за да биде совршена во неговите очи.
Ја контролирал екстремно и не ѝ дозволувал да излезе од домот без дозвола. Тогаш никој не знаел за страдањата на Ким.
С. С. | Црнобело