Емотивно интервју на Кендал Џенер: „Се будам среде ноќ со панични напади“
- Детали
- петок, 12 јануари 2018
Во трката да стигне на сите кастинзи, ревии и јавни појавувања, Кендал понекогаш нема време за себеси.
На насловната страница во февруарскиот број на магазинот „Harper's Bazaar“ ќе се појави Кендал Џенер. Најбараниот модел на светот во интервју со Кара Делавињ комплетно се разголе и откри дека е престрашена од помислата да има деца во свет како денешниот.
22-годишната убавица вели дека на моменти се чувствува како комплетно дете, а на моменти како 60-годишна старица, која сака само да гледа стари филмови дома и да пие чај. За целиот тој медиумски притисок врз неа вели дека понекогаш сака да избега на некоја фарма и да се исклучи од светот.
Кендал откри дека единствено што жали во животот е што не се запишала на колеџ, но и за тоа не е сигурна дали навистина ѝ е мака.
На прашањето за потомство таа вели...
„Ќе ми биде интересно да видам каков ќе биде мојот свет кога ќе имам деца. Но, дефинитивно не планирам да имам наскоро. Одгледувањето деца во денешниот свет е навистина страшно искуство.“
За трката со времето и негативноста...
„На моменти сум анксиозна и често се будам среде ноќ со панични напади каде да започнам. На светот му е потребно повеќе љубов, ако се вклучите онлајн ќе видите дека сите си кажуваат најлоши работи еден на друг и тешко е да се остане позитивен. Тешко е да не те изеде негативноста. Твитер е навистина тажно место деновиве, јас го сакам Инстаграм и следам профили со слатки бебиња и кучиња.“
За пријателите...
„Обожавам инспиративни луѓе што ги туркаат границите на возможното, па такви пријатели и сакам да имам.“
Кендал откри и дека обожава уредување на ентериер и постојано прави промени во својот дом.
За 22 години од сега вели дека би сакала да има семејство, да пронајде љубов и околу неа да има светлина и среќа.
С. С. | Црнобело