Утрински ритуали, храна и нега на тело: 10 тајни за совршен изглед од Ирина Шајк

Пред неколку дена, руската убавица го прослави 32-иот роденден, а за нејзините години, таа изгледа совршено и многумина ѝ завидуваат.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-01.jpg

Секако, како и многу други модели, освен што ја поседува природната убавина, таа мора да се грижи за себе за да го одржи тој изглед.

Со текот на времето, таа открива многу тајни за тоа како го одржува телото, лицето, како се храни и кои се нејзините ритуали.

Издвојуваме 10 тајни и совети за совршен изглед од Ирина Шајк:

Моите утрински ритуали изгледаат вака: Прво го тријам лицето со коцка мраз, тоа го освежува лицето, му дава боја и ме буди. Во текот на денот пијам многу топла вода со лимон, што исто така има добар ефект за кожата, како и за гастроинтестиналниот тракт. Ставам крем за заштита од сонце дури и во зима, а во секојдневието не сакам да ставам многу шминка, иако без кармин ретко излегувам.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-02.jpg

Редовно пијам органски протеин, а како ужина преферирам суво овошје како манго, а сакам и јогурт.

Редовно користам кокосово масло, бидејќи совршено ја навлажнува кожата и ја омекнува. Го нанесувам веднаш по туширање на влажна кожа, а потоа го упивам со крпа.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-04.jpg

Во мојот куфер секогаш ставам крем за заштита од сонце, костим за капење, направа за масажа на лице и црвен кармин.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-03.jpg

Според мене, тренд сега е „помалку е подобро“. Сите сакаат да постигнат природен изглед, а секси изгледа и природниот маникир со светли бои, па дури и кога ноктите немаат воопшто лак, а се средени.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-05.jpg

Ги советувам жените да јадат повеќе зеленчук и да не забораваат да користат рибино масло. Тоа е наједноставниот начин за кожата да блеска.

Имам среќа што метаболизмот ми е брз, па можам да си дозволам понекогаш и голем чизбургер со помфрит и многу кечап и мајонез. Пред снимање, се држам до чиста храна и избегнувам брза и нездрава храна и барам замена за многу работи. Па така, наместо кафе, често пијам смути со спанаќ и целер.

Кога живеев во Русија, баба ми ми подготвуваше многу палачинки и други вкусни јадења, па заради неа сакам вкусна храна и не разбирам како луѓето се спротивставуваат сами на себе. Често ме прашуваат како успевам, дали јадам хамбургери и мислат дека моделите јадат само јаболка! Не е вистина, имам добри генетски предиспозиции па можам да си дозволам и други јадења, а плус сум многу активна и спортувам и не заборавам да балансирам.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-06.jpg

Мразам класично кардио, трчањето ми е ноќна мора. Џиу-џитсу е нешто сосема друго. Му дозволува на телото да прави повеќе комбинации на движења и постојано го предизвикувате и изморувате. Вежбам 4 пати неделно, а исто така сакам и пилатес.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-07.gif

Не верувам во бајки, верувам во посветеност и упорност. Ако навистина сакате да постигнете нешто, ќе успеете, но мора да бидете подготвени на потешкотиите и предизвиците.

utrinski-rituali-hrana-i-nega-na-telo-10-tajni-za-sovrshen-izgled-od-irina-shajk-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Уште еден доказ дека Џон Бон Џови има срце од злато: Спаси жена која сакала да се самоубие (видео) Ја прегрна и ја повлече жената од работ на мостот… Музичарот Џон Бон Џови го пре...
Адријана Лима со природен изглед на црвен тепих, со партнерот кој не ги трга рацете од неа - Убава м... Ја допира за задникот, страсно ја бакнува, ја прегрнува. Како партнерот на Андри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg