Љубов без рок на траење: Холивудски парови со најдолговечни бракови
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2018
Среќните и долговечни бракови се навистина ретка појава во светот на шоу бизнисот. Од куси излети во брачните води, па до повеќегодишни врски со неславен крај, љубовта во Холивуд вообичаено е со ограничен рок на траење. Но, постојат и исклучоци. Кои познати двојки се рекордери во брачните води?
Само малкумина од холивудските парови заедно ја прославуваат десетгодишнината од бракот. Сепак, меѓу нив има и сопружници што ѝ пркосат на поразителната статистика, па нивната љубов трае и по две, три, четири, па дури и повеќе декади.
Меѓу рекордерите се наоѓа филмската дива Мерил Стрип, која покрај плодната кариера, низ годините го одржа на стабилни нозе и бракот со вајарот Дон Гамер.
Се запознале недолго по смртта на актерот Џон Казал, големата љубов на Мерил, со кого таа глумеше во култниот филм „Ловец на елени“, а заедно беа во двегодишна врска.
По шест месеци забавување, глумицата му го кажа судбоносното „да“ на Дон, а нивната романса трае и денес – 40 години подоцна.
Среќна и идилична врска имаат и шармантните и вечно младите Голди Хоун и Курт Расел.
Иако не си разменија официјално прстени пред сведоци, тие останаа еден покрај друг речиси 35 години.
Заедно се со децении, а се љубат исто како и првиот ден. Кои се останатите ѕвездени двојки што им се придружуваат на листата?
Ви ги откриваме дел од холивудските парови со најдолговечни бракови:
Том Хенкс и Рита Вилсон
Години во брак: 1988 – денес
Мерил Стрип и Дон Гамер
Години во брак: 1978 – денес
Голди Хоун и Курт Расел
Години во брак: 1983 – денес
Хју Џекмен и Дебора-Ли Фурнес
Години во брак: 1996 – денес
Фелисити Хофман и Вилијам Х. Мејси
Години во брак: 1997 – денес
Џон Траволта и Кели Престон
Години во брак: 1991 – денес
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Години во брак: 1997 – денес
Мишел Фајфер и Дејвид Е. Кели
Години во брак: 1993 – денес
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
Години во брак: 1997 – денес
Мајкл Џ. Фокс и Трејси Полан
Години во брак: 1988 – денес
М. А. | Црнобело