Растурена пунџа, топла облека: По што се разликува Меган Маркл од формалната Кејт Мидлтон?
- Детали
- четврток, 11 јануари 2018
Од моментот кога стана член на британското кралско семејство, војвотката Кејт Мидлтон, ниту еднаш не сме ја виделе во несредено издание и секогаш изгледа совршено, без ништо да ѝ недостасува.
Таа внимава на својот изглед, елеганција и софистицираност, па насекаде остава посебен впечаток на дама.
Но, за разлика од неа, вереницата на принцот Хари, е малку поопуштена и не е толку сериозна, а тоа го покажа на вчерашното појавување во Брикстон.
Погледнете кои се работите по кои се разликуваат Меган Маркл и Кејт Мидлтон:
Фризурата
Додека на првите јавни појавувања на принцот Вилијам и Кејт, војвотката ја носеше нејзината коса исфенирана до најмал прамен, Меган Маркл се одлучила за покежуал фризура и косата ја фатила во неуредна пунџа, од која паѓаше по некој прамен по нејзиното лице.
Облеката
Кејт Мидлтон отсекогаш бирала женствени аутфити во кои ќе заблеска независно од временските услови и секогаш ја импресионира јавноста со нејзиниот стил.
За разлика од неа, Меган се облекува зависно од временските услови, па за појавувањето во Брикстон, таа се одлучи за волнен капут и марама врзана околу врат, а под капутот носеше црни панталони, нешто во што Кејт досега ја немаме видено, освен кога е во спортско издание.
Марамата
За разлика од Кејт Мидлтон, која обрнува внимание на секој најмал детаљ, Меган Маркл изгледа како да ја врзала марамата околу неа без воопшто да погледне како тоа изгледа.
Накитот
Додека Кејт го носи само нејзиниот елегантен и впечатлив веренички прстен, како и вреден накит наследен од кралското семејство, Меган Маркл се решава и за обични сребрени прстени и бразлетна која ѕирка од капутот.
М. М. | Црнобело