Систин, Софија и Скарлет - прекрасните ќерки на Силвестер Сталоне (фото)
- Детали
- четврток, 11 јануари 2018
Силвестер Сталоне на доделувањата на награди неретко се појавува со своите три ќерки. Од црвен тепих до фотосесии, тие се миленички на медиумите.
Легендарниот актер Силвестер Сталоне во брак е со некогашниот модел, денес бизнис жена Џенифер Флавин и имаат три ќерки.
Неговата понежна половина започнала да работи како модел на 19 години, а денес е ко-основач на компанијата Serious Skin Care. Во брак се од мај 1997 година, речиси една година по раѓањето на Софија.
Софија е најстарата ќерка на Сталоне. Таа е родена во август 1996 година на Мајами, Флорида. Другите две се родени во Лос Анџелес, Калифорнија и тоа Систин во јуни 1998 и Скарлет во март 2002.
Имаат двајца постари полубраќа од првиот брак на Силвестер, но едниот почина од срцево заболување во 2012 година на 36-годишна возраст.
Софија студира комуникациски науки. Во 2012 година имаше операција на срцето, по која откри дека се чувствува одлично и повеќе нема пречки во извршувањето на секојдневните активности.
Систин тргна по стапките на мајка си и работи како модел. Досега се има појавено на страниците на магазини како Teen Vogue, Harper’s Bazaar и Town & Country.
Скарлет е најмалата и таа постојано има заеднички активности со својот татко, судејќи по Инстаграм фотографиите. Таа обожава спорт.
Најновите фотки од трите ќерки на Сталоне:
С. С. | Црнобело