Ирина Шајк во танга бикини на егзотичен одмор 10 месеци по породувањето (фото)
- Детали
- среда, 10 јануари 2018
Моделот го покажа своето извајано тело, а со фотографијата со прстен на раката поттикна лавина од реакции.
Поминаа само 10 месеци откако Ирина Шајк ја роди ќерката Леа, а веќе изгледа одлично во бикини. Таа во танга бикини во црна боја покажа дека изгледа подобро од многу нејзини колешки модели.
32-годишната убавица со своето момче Бредли Купер периодов ужива на мистична, егзотична дестинација.
Многумина претпоставуваат дека парот тајно се свршил или венчал на ова патување бидејќи на една од фотографиите, каде Ирина држи морско животинче, се гледа прстен на нејзината лева рака, кој може да биде бурма или свршенички прстен.
Некои од фановите веќе им честитаа во коментари под фотографијата на Инстаграм, но други велат дека станува збор за стар прстен на Шајк.
Тропската дестинација е совршена за ваков романтичен настан, но дали родителите на Леа навистина ја официјализирале врската останува мистерија.
Сепак, тие сигурно минуваат незаборавни мигови:
С. С. | Црнобело