Единствените 3 жени кои не носеа црно на Златни Глобуси 2018

На 75-тите Златни Глобуси, речиси сите актерки се појавиjа во црни фустани, во знак на протест против сексуалното злоставување во филмската индустрија од страна на Харви Вајнштајн.

koi-se-edinstvenite-3-zheni-koi-ne-nosea-crno-na-zlatni-globusi-2018-01.jpg

Во знак на револт, на жените им се придружиле и неколку мажи кои ги поддржале во целта.

Сепак, покрај сите жени кои се согласиле на бунтот, имало само 3 кои не ја сфатиле пораката, или можеби се одлучиле на тивок протест.

На црвениот тепих кој го преплавија црни аутфити, овие 3 жени се појавија во колоритни комбинации.

Барбара Мајер

31-годишниот модел се појави на Златните Глобуси во раскошен фустан во комбинација на сиви, сини, бели и розови нијанси, надополнети со светки, а значително се истакна покрај едноставните црни фустани.

koi-se-edinstvenite-3-zheni-koi-ne-nosea-crno-na-zlatni-globusi-2018-02.jpg

Бланка Бланко

36-годишната актерка се појави во црвен долг фустан. Таа не само што се истакна со бојата на фустанот, туку и со разголените делови кај деколтето и високиот шлиц.

Сепак, таа во една изјава, објаснила зошто се одлучила за овој чекор: „Сакам црвена боја. Тоа што носам црвено не значи дека сум против движењето. Ги поддржувам храбрите актерки кои се спротивставуваат на злоставувањето преку нивните постапки и стилскиот избор.“

koi-se-edinstvenite-3-zheni-koi-ne-nosea-crno-na-zlatni-globusi-2018-03.jpg

Мехер Татна

Многумина се изненадени од нејзиниот избор на боја за аутфитот, но сепак постојат мислења дека претседателот на Здружението за холивудски странски новинари, ја одбрала оваа боја, бидејќи сака да оддаде почит на Индија, а таму „црвената е нашата црна“.

koi-se-edinstvenite-3-zheni-koi-ne-nosea-crno-na-zlatni-globusi-2018-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Ќерката на Том Круз прослави матура: Блеска во уникатна креација, партнерот потсетува на татко ѝ (фо... Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс прослави матура со своите соученици - избра фу...
„Натапираната“ фризура на Мајли Сајрус, голите гради на Доџа Кет – Највпечатливите модни изданија на... Заради лошата ретро фризура, како никој не забележа дека Мајли Сајрус е речиси г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg