Флавио Бријаторе ја остави 30 години помладата старлета Грегорачи
- Детали
- вторник, 09 јануари 2018
Познатиот пар од интернет-мемињата за разлика во годините, стави крај на својот брак. Флавио Бријаторе минатиот месец побарал развод од старлетата Елизабета Грегорачи.
Овој пар стана познат по разликата во годините - Бријаторе има 67, а Грегорачи 37 години, но и по нивните фотографии од заедничките одмори.
Ваквите фотки често се среќаваат на интернет со погрдни и исмејувачки коментари од типот „Еве зошто вашите ќерки треба да учат“ или „Сè е лесно кога си богат“.
Парот се разведува без расправии и ќе го задржат пријателскиот однос и ќе го усогласат старателството над синот. По разводот, Грегорачи добила луксузен стан во Рим, а Бријаторе го задржува имотот во Монте Карло.
Бракот официјално заврши на 23 декември 2017-та.
Бријаторе во својата листа на поранешни девојки го има и супермоделот Хајди Клум. Тој е биолошки татко на нејзиното прво дете, ќерката Лени, но се откажа од родителството, по што пејачот Сил ја призна како негова.
С. У. | Црнобело