Љубовни совети од ѕвездите: Како да го преживеете раскинувањето?

И славните личности се само луѓе од крв и месо. Во повеќе наврати, тие открија што им е најдобар лек за скршеното срце. Кети Пери никогаш не му праќа порака на бившиот, Џенифер Анистон плаче, а Клое Кардашијан се натрупува со работа. Што прават другите?

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-1.png

Прекинот на врската не е никогаш лесен. Уште полошо е кога емотивниот бродолом ви се случува пред очите на целиот свет. Драмите се неретка појава за време на разидувањето со партнерот, а некогаш сте толку нестабилни, што едноставно не знаете како да се носите со љубовната болка.

Тоа најдобро го знаат популарните ѕвезди од шоу бизнисот. Многумина од нив мораа да се соочат и стоички да го поднесат, не само раскинувањето, туку и плукањето од страна на поранешните партнери во медиумите, додека сите одвај чекаа тие да направат некаква глупост.

А, во суштина, славните личности не се поразлични од „обичните“ смртници. И тие се ранливи. И ним срцето им е скршено. И на нив истите проблеми им задаваат маки. Затоа и во лекциите што тие ги споделија со јавноста, веројатно ќе се пронајде секој неутешен и повреден човек на планетава.

Како да го преживеете раскинувањето? Прочитајте кои се љубовните совети од ѕвездите на оваа тема:

Кети Пери

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-2.png

Пејачката вели дека вежба самоконтрола, па секогаш добро промислува околу тоа дали да испрати порака, или, пак, не.

„Честопати ќе напишам порака и одам на спиење без да ја испратам. Навечер знам да бидам мошне емоционална, а кога наутро ќе ја погледнам пораката, вообичаено сфаќам дека е подобро што не сум ја пратила. И многу ми е мило што е така. Можам да преживеам уште еден ден и без тоа.“

Ријана

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-3.png

Во пораката што на Твитер му ја испрати на еден очаен фан, пејачката напиша дека треба нештата да се погледнат и од другата страна.

„Само верувај дека скршеното срце е подарок што си го добил. Плачи ако мораш, но тоа нема да трае засекогаш. Повторно ќе пронајдеш љубов и ќе ти биде уште поубаво од порано. Во меѓувреме, уживај во себеси.“

Тејлор Свифт

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-4.png

Тејлор има доста искуства во прекинувањето на врските. Па, сфатете го сериозно советот што таа ѝ го упати на својата обожавателка на Инстаграм.

„Многу е тешко да зборуваш за некого во минато време, кога тој ти бил твојата сегашност и иднина. Ама, размисли за сето она што тој го рекол. Ќе ти треба време да ги исфрлиш неговите зборови од главата. Не е лесно, но време е и да ја искористиш опцијата за блокирање контакти во телефонот. Се движите ли во исти кругови? Немој да му дадеш прилика пак да ти наштети. Нема ништо лошо во тоа да ги избегнуваш луѓето кои те повредиле. Заштити се самата себе.“

Клое Кардашијан 

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-8.png

Ѕвездата на реалното шоу им објасни на фановите дека е најважно да не се размислува за бившите и раскинувањето.

„Колку си позафатен, толку помалку ќе мислиш. Треба да се биде продуктивен. Обиди се да најдеш некое хоби и постојано биди окупиран со нешто позитивно. Окружи се со пријателите и семејството. Тие ќе ти ги оттргнат мислите од бившиот.“

Џастин Бибер

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-7.png

Младиот пејач имаше долга врска со колешката Селена Гомез, кога обајцата беа едвај полнолетни. Уште тогаш живееа заедно, а сега вели дека тоа веројатно било грешка, бидејќи не биле доволно зрели. Денес се повторно заедно, но се малку попаметни од порано.

„Двајцата бевме толку соживеани еден со друг, што се изгубивме. Никој и ништо не ни беше важно. А, кога претерано се потпираш на друга личност, таа ќе те разочара. Неизбежно е. Набрзо, ти веќе немаш свој идентитет, а тоа е многу лошо.“

Џенифер Анистон

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-5.png

Глумицата истакнува дека не ѝ е баш пријатно што цел свет го следи нејзиниот љубовен живот, но не по цена да ги крие солзите после прекинот на врската:

„Постојат повеќе  стадиуми на тагата. Претажно е кога љубовта ќе се заврши. Тоа целосно те растура. Одеднаш, те обземаат многу покомплицирани чувства. Кога ќе се обидеш да ја избегнеш болката, создаваш уште поголема. Човечко суштество сум – имам емоции.“

Селена Гомез

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-6.png

Селена и Тејлор се навистина добри пријателки, па меѓусебно си помагале за време на емотивните кризи. И тоа со музика – тврди пејачката.

„Си правевме плејлисти, најповеќе со музика која ги окуражува девојките. Задолжителни ни беа песните 'Since U Been Gone' и 'Walk Away' од Кели Кларксон,  'Battle' од Колби Калеј, 'Hot n Cold' од Кети Пери... Заедно пеевме и игравме.“

Алекса Чанг

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-9.png

Телевизиската водителка се контролира после раскинувањето. Таа одолева на искушението да отиде на фризер и направи нешто драстично. А, истото им го советува и на другите.

„Кога луѓето ќе ја прекинат врската, често им е прва желба да направат голема промена. Неретко се одлучуваат за својата коса. Не правете го тоа. Не сте емоционално стабилни за донесување на долгорочни одлуки. Доколку ја скратите сета коса, со години одново ќе ја пуштате. Попрво купете си кармин и бакнувајте се со многумина. Само косата не ја пипкајте!“

Роберт Патинсон

ljubovni-soveti-od-dzvezdite-kako-da-go-prezhiveete-raskinuvanjeto-10.png

Младиот глумец, пак, даде мошне едноставен одговор за сите луѓе што се прашуваа како го преболе раскинувањето со Кристен Стјуарт.

„Се случуваат ср*ња. Млади сме и тоа е сосема нормално. И, искрено, на кого му е гајле?“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg