Бејби бум на повидок - Кои славни ѕвезди очекуваат нов член во семејството?
- Детали
- сабота, 06 јануари 2018
Изгледа дека родителската треска го има зафатено светот на славните. Многу познати ѕвезди за прв пат ќе станат родители токму оваа година.
Само кланот Кардашијан очекуваат 3 нови бебиња. Се чини дека 2017 година била неверојатно плодна, а во 2018 овие славни парови ќе ги збогатат семејствата со уште еден нов член:
Двејн Џонсон и Лорен Хешијан
Актерот познат по прекарот „Карпата“ на 11 декември 2017 година соопшти дека неговата девојка Лорен е бремена со нивното второ дете.
Војвотката Кејт и принцот Вилијам
Третото кралско дете се очекува да пристигне на свет во април, 2018 година, откако официјално беше соопштена во септември, 2017 година.
Ева Лонгорија и Хозе Бастон
42-годината актерка е бремена со своето прво дете, а терминот за породување е некаде напролет. Ева соопшти дека носи момче.
Америка Ферера и Рајан Пирс Вилијамс
Актерката, нам најпозната по улогата во ТВ серијата „Грдата Бети“ и нејзиниот сопруг споделија со јавноста дека за прв пат ќе станат родители.
Ким Кардашијан и Канје Вест
Се чини дека премногу долго се зборува за третото дете на славниот пар кој го носи сурогат-мајка, за кое не се знае ниту полот, ниту точниот датум на пристигнување на бебето, што ја прави целата ситуација уште помистериозна.
Кајли Џенер и Тревис Скот
Иако 20-годината ѕвезда официјално никогаш не ја соопшти веста, папараците постојано го ловат нејзиното стомаче кое расте, а се шпекулира дека крајниот термин за породување е февруари, 2018 година.
Клои Кардашијан и Тристан Томпсон
Уште едно бебе се очекува да му се придружи на кланот Кардашијан. Првото бебе на Клои и НБА кошаркарот Тристан Томпсон се очекува напролет.
Криси Тајген и Џон Леџенд
„Што има во стомакот?“ ја запраша Криси својата ќеркичка Луна во популарното видео на Инстаграм. „Бебе“. И со овие зборови светот дозна за втората бременост на славниот пар.
Робин Тик и Ејприл Лав
Првото бебе на пејачот и манекенката се очекува да пристигне на 1 март, 2018 година. Тик ја соопшти веста некаде во август, веднаш откако го финализираше разводот со поранешната сопруга Пола Патон и се договорија за старателството над синот Џулијан.
Енди Родик и Бруклин Декер
Во јули 2017 година, тенисерот ја потврди веста дека со својата сопруга го очекуваат второто дете, кое е девојченце. Медиумите почнаа со шпекулациите дека наводно Бриклин веќе се породила, но сè уште ништо не е официјално потврдено.
Кендис Сванапул и Херман Николи
Ангелот на Викторија Сикрет потврди дека го очекува своето второ дете со долгогодишната љубов Херман.
Адам Левин и Беати Принслу
Пејачот на бендот Maroon 5 во септември 2017 год., соопшти дека го очекува своето второ дете јужноафриканскиот модел, но не го прецизираше датумот ниту полот на бебето.
Миранда Кер и Еван Шпигел
Миранда ќе стане мајка по втор пат, но овојпат со новиот сопруг Еван Шпигел. Таа веќе го има синот Флин од претходниот брак со Орландо Блум.
(О)Милена | Црнобело