Ќерката на Мајкл Џексон денес е 19-годишна синоока убавица со 50 тетоважи (фото)
- Детали
- четврток, 28 декември 2017
Нејзините продорни сини очи и неодоливата насмевка, ја прават совршен лик за насловните страници.
Парис Џексон е во животна форма само неколку месеци пред 20-тиот роденден. Ќерката на починатата поп ѕвезда Мајкл Џексон знае како да ужива во животот, а деновиве тоа го правеше на плажа на Хаваи.
https://www.instagram.com/p/BcsI1wDnVDC/?taken-by=parisjackson
Таа во црно Calvin Klein бикини го покажа тонираното тело и низата тетоважи кои ги има на себе. Парис вели дека има педесетина тетоважи. Сончоглед, мајмун, птица, кактус, вселенски брод и што уште не, a нејзиното тело е вистинско уметничко дело.
Парис ги има браќата Принц (20) и Бленкет (15), чие име беше Принц Мајкл II, па потоа го промени.
Бленкет лево и Принц десно
Синооката убавица работи како модел и постојано е актуелна во медиумите.
Дел од нејзините најнови фотки:
С. С. | Црнобело