Шипка за стриптиз, тигар, пита кашкавал: Што си подаруваат богатите и славните за празниците?
Ријана
Автомобил доби и мегапопуларната Рири од Барбадос во 2012 година. Но, ниту мал, а ни копија. Како божиќен подарок од продуцентската куќа на Џеј Зи, таа се стекна со Порше, чијашто вредност се проценува на 160.700 американски долари.
Дрејк
Во 2012 година, раперот Дрејк самиот на себе си беше Дедо Мраз, подарувајќи си шипка за стриптиз. Ја постави на битна позиција во својот дом, па сподели фотка на Инстаграм.
Криси Тајген
За разлика од претходно споменатите ѕвезди, се чини дека сопругата на Џон Леџенд има далеку поскромни (гурмански) желби. По нејзините зборови, животен сон на Криси Тајген ѝ било да добие една голема пита пармезан за подготовка на паста. Кога љубениот ѝ ја исполни за Божик, на среќата ѝ немаше крај.
Крис Џенер
Со шест деца покрај себе, мама Крис е навистина среќна и богата жена. А, членовите на нејзиниот Кардашијан-Џенер клан ѝ го збогатија и возниот парк, изненадувајќи ја во 2016 година со олдтајмер во црвена боја.
Флојд Мејведер
По посетата на Русија во 2015 година, професионалниот боксер доби егзотичен миленик од компанијата The Money Team. Ни помалку, ни повеќе – тигар.
Клое Кардашијан
Ким ја фасцинираше Клое, купувајќи ѝ на својата помлада сестра специјално изработена војничка јакна од Balmain. Таа, пак, уште веднаш ја предупреди дека нема шанси да ја соблече од неа.
М. А. | Црнобело