Шипка за стриптиз, тигар, пита кашкавал: Што си подаруваат богатите и славните за празниците?
- Детали
- четврток, 28 декември 2017
Кога се подароците во прашање, ѕвездите не штедат пари. Не им недостасува ниту инспирација со што да ги изненадат најблиските за Нова година или Божиќ. А, неретко и претеруваат.
Од скапоцени прстени и гардероба, до возен парк и животни, низ годините посведочивме за мноштво егстравагантни, па дури и бизарни дарови со кои популарните јавни личности си ја искажуваа љубовта и посветеноста.
Дел од нив ви ги откриваме во продолжение на текстот:
Ким Кардашијан
Во декември 2013 година, Канје Вест ја изненади саканата со уникатна Hermès Birkin чанта, рачно насликана од уметникот Џорџ Кондо.
Лејди Гага
Пејачката не посака принц, туку само бел коњ за Божиќ. Погодувате? Пристигна обвиткан со панделка на нејзината домашна адреса. Желбата ѝ ја исполнија соработниците од издавачката куќа во 2015 година, а таа не ја криеше восхитеноста од гестот.
Кајли Џенер
По поминувањето на бaдниковата вечер со тогашниот дечко Тајга, ѕвездата на реалното шоу побрза да се пофали со подарокот. Таа со фановите на Инстаграм го сподели скапоцениот прстен што раперот ѝ го подарил во очи на Божиќ.
Дајен Кругер
Chanel, пак, вистински ја израдува актерката Дајен Кругер, кога челниците на модната куќа празнично ѝ даруваа скии со нивен потпис.
Дру Баримор
Ниту Дру не ја криеше радоста за божиќниот подарок, откако во 2014 година, таа од (eкс)сопругот доби навистина посебна Hermès марама. Вети дека ќе ја врами и љуби засекогаш.
Норт Вест
Иако имаше само шест месеци, Ким ѝ купи автомобил на ќеркичката Норт Вест во 2013 година. Поточно, мини „ламборџини“, исто како она на нејзиниот татко Канје.