Кристијано Роналдо: „Јас сум затвореник на овие прекрасни бебиња“
- Детали
- среда, 27 декември 2017
Фудбалската ѕвезда не е загрижена за обвинувањата и овие празнични денови Роналдо е комплетно посветен на семејството.
Кристијано Роналдо ги исмеа тврдењата дека треба да биде во затвор поради обвинувања за даночни измами, објавувајќи фотографија со неговите три најмали дечиња со опис: „Јас сум затвореник на овие прекрасни бебиња“.
Шпанските даночни агенти тврдат дека напаѓачот на Реал Мадрид треба да биде зад решетки, додека истражниот судија одлучува дали Роналдо треба да се соочи со гонење поради штета од 13 милиони фунти.
Но, Роналдо очигледно не е загрижен за ситуацијата и ништо не може да му ја расипе семејната идила во домот. Тој објави фотографија на која во прегратка ја држи 6 седмици стара ќеркичка Алана Мартина, а на креветот до него се 6-месечните близнаци Ева и Матео.
За Роналдо миговите минати со семејството се најзначајните мигови во животот:
С. С. | Црнобело