Ник Вујичиќ со новородените близначиња направи прекрасна честитка за Божиќ
- Детали
- понеделник, 25 декември 2017
И покрај сериозните предизвици пред кои го постави животот, тој е вистинска инспирација за милиони луѓе ширум светот.
Ник Вујичиќ, мажот без раце и нозе, од ден на ден сè повеќе го воодушевува светот со својот дух, интелект и желба на исцедување на максимумот од животот. Хуманистот и предавач е вистински пример како треба да се сака животот без оглед на препреките.
Неговата прекрасна сопруга Канае Вујичиќ за него вели дека е тој сопруг каков што не мислела дека ќе има ниту во најлудите соништа, дека едноставно го обожава овој прекрасен маж и животот со него е ролеркостер полн со изненадувања и авантури секој миг, но ова возење навистина вреди и не би го заменила за ништо на светот.
Прекрасниот пар, кој има два сина, деновиве ги доби близначките Оливија Мел и Ел Лорел. Ник направи семејна фотографија со новороденчињата и со неа им го честиташе Божиќ на сите пријатели на Фејсбук.
Merry Christmas to all! Mommy and babies are home! What a beautiful gift!
-->-->Posted by Nick Vujicic on Sunday, December 24, 2017
Merry Christmas to all! Mommy and babies are home! What a beautiful gift!
-->Posted by Nick Vujicic on Sunday, December 24, 2017
Инспиративниот 35-годишен Австралиец со српско потекло, кој постојано одржува мотивациски говори ширум светот, во 2016 година во рамките на една своја турнеја ја посети и Македонија.
Ова се дел од најубавите семејни фотографии на Ник:
С. С. | Црнобело