Џеј Ло во дуксер и штикли на божиќен шопинг со Алекс Родригез
- Детали
- понеделник, 25 декември 2017
Џенифер Лопез облечена во Gucci дуксер од 1.400 долари (околу 1.100 евра), беше забележана заедно со момчето Алекс Родригез, на божиќен шопинг во последен момент.
Таа дизајнерскиот спортски стајлинг го комбинирала со искинати фармерки и високи штикли на платформа.
Со коса фатена во пунџа и златен накит, 48-годишната пејачка, блеска покрај Родригез, кој се одлучил за бели панталони и маичка по кратки ракави.
Парот е во празнично расположение веќе подолг период и очигледно двајцата уживаат во овие денови, со оглед на тоа што првпат го слават Божиќ заедно.
https://www.instagram.com/p/BdHHu2HlQnS/?taken-by=jlo
Погледнете го заљубениот пар на шопинг низ Мајами:
М. М. | Црнобело