Бијонсе со маичка од 300 евра и уникатни чевли на Божиќ (фото)
- Детали
- понеделник, 25 декември 2017
Ѕвездата во секси издание ја покажа одличната форма само 7 месеци по породувањето.
Бијонсе дефинитивно е вљубеничка во кусите тексас шорцеви, па во такво издание го прослави и католичкиот Божиќ.
36-годишната поп икона шорцевите ги спои со Valentino маичка од 300 евра, а највпечатлив детаљ во нејзиниот изглед беа уникатните црвени чевли, кои можете да ги обожавате или мразите, но не можете да останете рамнодушни на нив.
Изгледот го надополни со црн мантил, многу накит и коса прибрана во високо опавче.
Бијонсе оваа вечер ја мина во друштво на својот сопруг Џеј Зи.
Таа само 7 месеци по раѓањето на нивните близначиња е комплетно вратена во форма:
С. С. | Црнобело