Ријана во разголен кожен аутфит на концертот на Џеј Зи (фото)
- Детали
- петок, 22 декември 2017
Ријана одлучи да остави впечаток со храбар стајлинг на концертот на својот колега.
29-годишната пејачка се појави во сензационален аутфит на концертот на Џеј Зи во Лос Анџелес. Таа беше облечена во кожен мини фустан и кожен мантил и ги покажа облините.
Ријана дефинитивно успеа да го привлече вниманието со својот провокативен стајлинг, а изгледот го надополни со коса прибрана во опавче, зелен маникир и црвени усни.
Периодов кружат многу гласини дека пејачката се свршила со своето момче, милијардерот Хасан Џамил, но парот сè уште молчи, a овојпат папарацо фотографите не успеаја да го уловат големиот прстен на нејзината рака, кој ги поттикна гласините.
Во ова издание поп иконата се појави на концертот на Џеј Зи:
С. С. | Црнобело