Мајли во топлес издание, Бијонсе со позерска фотка: Какo ѕвездите ги честитаат празниците?
- Детали
- понеделник, 25 декември 2017
Познатите личности имаат интересна традиција - тие секоја година изработуваат новогодишни и божиќни честитки, со кои на своето семејство, пријатели и обожаватели им посакуваат среќни празници. Па, кои се најинтересни меѓу нив?
Некогаш убавите празнични желби се испраќаа преку пошта. Но, со развојот на технологијата, поштарот го заменија телефонските пораки, а во последно време и социјалните мрежи. Ниту богатите и славните не се исклучок.
Популарните ѕвезди неретко се одлучуваат да ја прикажат својата божиќна честитка на Твитер или Инстаграм, посакувајќи им најубави желби на најблиските, а патем и на целиот свет.
Некогаш се користеа класичните семејни портрети, како тие на семејството Кардашијан-Џенер, кое од година во година се трудеше да смисли што пооригинална фотографија (понекогаш и премногу).
Со тек на времето, пак, повеќето звучни имиња почнаа да смислуваат слатки, забавни и хумористични селфи фотки, колажи, монтажи или илустрации. Кому креативноста (не) му е јака страна?
Погледнете дел од божиќните картички со кои ѕвездите ги честитаа празниците низ годините:
М. А. | Црнобело