34 години љубов: Голди Хоун и Курт Расел на романтична, снежна прошетка во Аспен
- Детали
- петок, 22 декември 2017
Љубовта нема рок на траење, а овој холивудски пар е вистински доказ за тоа.
Голди Хоун и Курт Расел фатени за раце беа на снежна прошетка во Аспен, Колорадо.
72-годишната актерка и нејзиниот долгогодишен партнер, 66-годишниот Курт се смееја и уживаа заедно без разлика на минусните температури.
Голди носеше долга јакна со крзно, а Курт дебел џемпер со зимски мотиви и шубара, а изгледаа преслатко заедно. Вљубените гулапчиња потоа појдоа на шопинг на дополнителна доза зимска опрема.
Парот се запозна во 1983 година на снимањето на романтичната драма Swing Shift и заедно го имаат 31-годишниот син Вајт Расел. Инаку Голди има уште две деца од претходните бракови.
Двајцата сè уште се активни на поле кариера и Холивуд постојано има резервирано по некоја улога за нив.
Нивната романтична прошетка ја враќа вербата во љубовта:
С. С. | Црнобело