Како изгледа сопругата на Деди Јенки, познат по „Gasolina“ и „Despacito“?
- Детали
- петок, 22 декември 2017
Мегапопуларниот порториканси изведувач ретко се појавува во јавност заедно со својата сопруга.
Деди Јенки (Ramón Luis Ayala Rodríguez), кој стана светски познат по хитот „Gasolina“, па повторно направи погодок со „Despacito“ со Луис Фонси, ретко зборува за својот приватен живот во медиумите.
Но, во едно интервју тој откри дека неговиот брак е силен затоа што тој и неговата сопруга Mireddys González се пред сè добри пријатели, па потоа сè друго и додаде дека се обидува да ги игнорира другите искушенија затоа што слабоста е причината за падот на многу артисти.
Mireddys работи како менаџер во продукциската куќа на својот сопруг „El Cartel Records“ од 2001 година.
Првата ќерка на парот се родила кога Деди имал само 17 години и вели дека целото искуство било збунувачко и тешко на тие години. Инаку тие имаат две ќерки и еден син.
40-годишниот порторикански пејач, рапер, актер и продуцент има добиено низа награди и номинации за својата работа на поле на музиката. Неговата песна Gasolina во 2004 година стана интернационален хит и е само еден од неговите мега успеси.
Запознајте ја неговата сопруга Mireddys González:
С. С. | Црнобело